Насри со нов клуб, ја прифати „поканата“ на Компани!

twitter.com/goal

Искусниот Французин Насри (32) беше слободен играч по завршувањето на соработката со Вест Хем, така што Андерлехт за него не мораше да плати надомест.

Во Белгија заминува на покана на Винсент Компани, кој во мај, по освојувањето на шампионската титула на Англија со Сити како капитен одлучи да се врати дома и во Андерлехт има позиција на играч-тренер.

– Добив многу одлични понуди, но го одбрав Андерлехт, бидејќи имам голема желба да им помогнам на Винсент и клубот во постигнувањето на нивните цели – изјави Насри.

Насри во својата богата кариера одиграл вкупно 513 натпревари, на кои постигнал 71 гол. За репрезентацијата на Франција настапил 41 пат постигнувајќи пет голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот