Интервју со најдобриот кладилничар во Европа: Порачав дрес од Де Хеа, ќе...

Интервју со најдобриот кладилничар во Европа: Порачав дрес од Де Хеа, ќе го урамам на ѕид

7409
SHARE

Ване Лесноски од Прилеп е главната вест на Балканот помеѓу луѓето кои се обложуваат но и кај оние кои поретко го прават тоа откако доби повеќе од 560.000 евра.

Тој даде интервју и за обложувалницата „Моцарт“ која убаво ја олесни. Ване му е благодарен на голманот на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа кој имаше неколку чудесни интервенции.

До крајот на животот ќе му бидам благодарен на Де Хеа! Уште синоќа порачав негов дрес преку интернет. Сакам да го урамам и да го закачам во дневната соба. Заслужи човекот“, вели Ване Лесноски за Моцарт.

„Чувствував дека ќе погодам голема добивка. Во изминатите година и пол неколку пати бев блиску до голема добивка. Знаев дека кога-тогаш ќе ми се падне. И ете се случи. Упорноста се исплатеше. Прочитав дека ова е најголемата добивка не само на Балканот, туку и пошироко. Се чувствувам горд”, вели Ване.

Регуларната добивка изнесува 16.619.628 денари (околу 270.000 евра), но благодарение на големиот број на парови на тикетите и MOZZART БОНУСОТ си ќарил вкупно 34.632.342 денари (563.585 евра). Тоа значи дека 18.012.714 денари, односно околу 293.000 евра се должи на MOZZART бонусот на должина на тикет кој што може да изнесува и до 1000% зависно од бројот на одиграни парови на тикетот.
Бркањето на големи добивки, вели Ване, е негова страст, а единствено на нив може да се надева во обложувалницата Моцарт.

„ Секогаш играм во обложувалниците на Mozzart затоа што ѝ верувам на оваа обложувалница. Лимитот што го дозволуваат кажува сѐ за нив. Играм во Mozzart и поради бонусот кој во зависност од тикетите кои што ги играм знае да биде и поголем од добивката која ја носи тикетот. Tака беше и сега. Затоа на љубителите на спортското обложување им порачувам: Играјте без страв со најдобрите, а под најдобрите мислам на Mozzart “, изјави Ване.

Ване Никогаш не игра навивачки.

„Секогаш пристапувам смирено, што се вели со ладна глава, рационално, а никогаш навивачки. Внимателно анализирам, ја гледам статистиката, меѓусебните средби и потоа играм. Претходната најголема добивка ми беше 25.000 евра. Тоа се случи минатата година во исто време. Ми се чини дека ова е среќен период за мене. Веројатно размислувам посмирено и подобро”, се смее верниот обложувач во Моцарт кладилниците.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY