Државата треба да плати 152.000 евра отштета за џамијата во Арачиново

Државата треба да плати 152.000 евра отштета за џамијата во Арачиново

221
SHARE

Врховниот суд одлучи: Р. Македонија на Исламската верска заедница треба да ѝ плати отштета од 9.349.220 денари или приближно 152 илјади евра за оштетената џамија во Арачиново за време на конфликтот во 2001 година, пренесува Макфакс.

Судискиот совет на Врховниот суд го одби барањето на Р. Македонија за ревизија на постапката за надомест на штета, во кој странка е ИВЗ. Државата треба да плати и 9.300 евра за судски трошоци за водењето на постапката. Отштетата треба да се уплати за оштетената дрвена граѓа набавена за изградба на новата џамија.

Според образложението на Врховниот суд, на територијата на село Арачаиново, во временскиот период од 22.6.2001 до 24.6.2001 година, имало воени дејства што се состоеле од пукање од авиони, тенкови и гранатирање (масовно по 10.000 гранати дневно). Од воените дејства оштетени биле џамиите во село Арачиново, и тоа долна или стара џамија, горна џамија и новата џамија, со тоа што новата џамија, која била во фаза на изградба, била опожарена,
односно запалена од гранатирањето и со тоа била целосно оштетена.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY