Наследникот на Зидан е се поизвесен, Алегри веќе одржал средби со челниците на Реал

epa07989175 Massimiliano Allegri leaves the meeting after the 2019 UEFA Elite Club Coaches Forum, at the UEFA headquarters in Nyon, Switzerland, 11 November 2019. EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Зинедин Зидан им открил на фудбалерите дека по завршување на сезоната си заминува од Реал Мадрид, а управата на клубот веќе тргна по неговиот наследник.
Како што пренесува добро информираниот италијански новинар Фабрицио Романо, поранешниот тренер на Јувентус и на Милан, Масимилијано Алегри веќе имал состанок со челниците на „кралскиот клуб“ оваа недела.

Тој е во постојан контакт со управата на Реал Мадрид уште од март годинава, и иако за него сериозен интерес има од неколку италијански екипи меѓу кои е и поранешниот негов клуб Јувентус, на тренерот приоритет му е „кралскиот клуб“.

Алегри наводно е подготвен да ја прифати понудата од управата на Реал Мадрид и се очекува по завршување на сезоната експресно да се најде договор и Италијанецот од следната сезона да седне на клупата на шпанскиот тим.
Покрај Алегри, на краткиот список за наследници на Зидан се наоѓаат уште и клупската легенда Раул Гонзалес и германскиот селектор Јоаким Лев.

Видео на денот