Наследникот и шефот на Самсунг осуден на 2,5 години затвор поради корупција

Наследникот на бизнис царството Самсунг, Ли Џае-јонг е осуден на затворска казна од 2,5 години поради корупција, јавија денеска локалните медиуми. Со таа пресуда, технолошкиот гигант останува без личност која носи големи деловни одлуки.

Високиот суд во Сеул го осуди Ли, формално потпретседател на Самсунг електроникс, најголемиот производител на паметни телефони и компјутерски чипови во светот, на 2,5 години затвор, јави Јонхап.

Ли ја водеше компанијата неколку години откако неговиот татко доживеа срцев удар, а потоа почина во октомври минатата година. Во позадината на случајот е корупцискиот скандал на поранешната јужнокорејска претседателка Парк Геун Хје, а Ли беше прогласен за виновен за проневера и мито.

Ли „активно давал мито и индиректно го замолил претседателот да ги искористи своите овластувања за да обезбеди непречен трансфер на власта на чело на деловниот конгломерат”, напиша судот во пресудата.

– Многу е жално што Самсунг, најголемата компанија во земјата која се гордее со иновации, постојано е вклучена во криминал секогаш кога има трансфер на политичка моќ, додаде судот.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот