Наследник на Омикрон: Нова мутација на коронавирус откриена во Франција – „увезена“ од Камерун

Фото; EPA-EFE/HORCAJUELO

Нов сој коронавирус кој се појави во јужна Франција ги загрижи научниците.

Откритието дојде откако 12 пациенти во истиот регион биле позитивни, а нивните тестови покажале „нетипична комбинација“, пишува Експрес.

Експертите се сомневаат дека случајот можеби дошол од Камерун, бидејќи првото заразено лице пристигнало од патување од таа земја.

Експертите рекоа дека идентификувале „46 мутации“ во оваа варијанта која го добила името Б.1.640.2.

Неговото присуство први го открија експерти на „IHU Mediterranee Infection“ во Марсеј.

Претходно овој месец, тие на својот Твитер објавија дека откриле нова варијанта кај пациенти со ковид од Форкалкје, во регионот Горна Прованса.

Она што ја прави варијантата поопасна е нејзината способност да се репродуцира поради бројот на мутации што ги има во однос на оригиналниот вирус. Останува да видиме во која категорија ќе спаѓа оваа нова варијанта.

Франција објави 219.126 нови инфекции во саботата и стана шестата земја во светот што надмина вкупно 10 милиони регистрирани случаи на Ковид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот