Наследницте на „Самсунг” мора да платат 10,8 милијарди долари данок на наследство

epa08967994 (FILE) - A South Korean visitor looks a Samsung Electronics TV at the Convention and Exhibition (COEX) center in Seoul, South Korea, 27 October 2016 (reissued 27 January 2021). Samsung is due to publish their 4th quarter 2020 results on 28 January 2021. EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

Над 10,8 милијарди долари за данок за наследство треба да платат наследниците на Ли Кун Хи, претседател на телекомуникацискиот гигант Самсунг, кој почина во октомври, јавија локалните медиуми.

Семејството на Ли преку Самсунг електроникс соопшти дека даноците на наследство ќе изнесуваат повеќе од половина од вредноста на вкупниот имот на починатиот, додавајќи дека вкупниот данок од 12 трилиони корејски вони е „еден од најголемите во Јужна Кореја и на глобално ниво”.

Според семејството, износот е три до четирипати поголем од вкупниот приход на јужнокорејската влада од данок на недвижен имот во 2020 година.

Новинската агенција Јонхап објави дека тоа ќе биде најголемиот данок во историјата на Јужна Кореја.

Семејството најави дека ќе ја плати сумата на шест рати за пет години, почнувајќи од овој месец.

„Наша граѓанска должност и одговорност е да ги платиме сите даноци”, изјавија тие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот