Наследниците на Никола Вапцаров не сакаат македонскиот клуб во Благоевград да го носи негово име: Ние сме Бугари

Наследниците на Никола Вапцаров не се согласуваат македонскиот клуб во Благоевград да го носи неговото име, објави БНТ, пренесувајќи изјава од внукот на Вапцаров, но и од еден од иницијаторите за отворање на клубот.

– Тврдењата на браќата од Северна Македонија се неосновани, бидејќи сите документи кои што ги имаме, нашата самосвест и чувство што го имаме како негови роднини – јас како внук, сестра ми како внука и татко ми како брат, секогаш сме тврделе дека сме Бугари бидејќи сме родени од мајка Бугарка и татко Бугарин. А, во прашалникот на Вапцаров јасно пишува дека има бугарско потекло и со бугарска националност, вели Никола Вапцаров, внук на поетот.

БНТ ја пренесува и изјавата на еден од иницијаторите за отворање на клубот кој вели дека нивната главна цел е тој да биде културен мост меѓу Бугарија и Северна Македонија.

„Ние се чувствуваме Македонци и сакаме да формираме, преку нашите идеи и иницијативи, нов културен простор за интеракција меѓу бугарската и македонската држава, меѓу бугарскиот и македонскиот народ. Нашата друга цел е Бугарија конечно да го признае постоењето на македонското малцинство, што е аномалија без преседан во Европа“, изјавил Атанас Мазнев, еден од иницијаторите.

Според Мазнев, Вапцаров учествувал во македонски културен кружок, не знае дали бил поетски кружок бидејќи не е историчар, но во тој кружок се самоопределил како Македонец.

Македонскиот клуб треба да се отвори в недела откако Советот на Општина Благоевград, прво остро се спротивстави на отворањето на клубот и советниците изгласаа декларација со која македонскиот клуб го нарекоа антибугарска провокација. Но, клубот се наоѓа на приватен имот и не е потребна дозвола од локалната власт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот