Наследничката на Мајкл Џексон тргнува по негови стапки: Парис работи на својата музичка кариера

Instagram

Ќерката на кралот на попот Мајкл Џексон, Парис Џексон, е решена да поработи на нејзината музичка кариера. Таа беше фотографирана во друштво на пријатели во Лос Анџелес, за време на паузата од снимање нови песни.

Парис е родена во 1998 година и оттогаш е во центарот на вниманието на светот поради славата на нејзиниот татко. Кога почина, таа имаше само 11 години, а нејзината мајка Деби Роу ја запозна кога имаше само 13 години. Парис тврди дека денес имаат квалитетна врска.

Profimedia
Profimedia

Парис со своите професионални ангажмани можеше да се види само во неколку филмски настапи и во кампањата на Келвин Клајн, но се чини дека Парис дефинитивно одлучи да го посвети својот живот на професија во која нејзиниот татко беше неприкосновен.

Profimedia
Profimedia

Парис беше видена со цигара во уста, во лежерна комбинација, зелен џемпер што и го откриваше стомакот, фармерки, бордо чизми и со силна шминка на лицето.

Profimedia
Profimedia

Нејзините средства се проценуваат на повеќе од 100 милиони долари, а кога ќе наполни 30 години, таа ќе наследи третина од богатството на Џексон, а како што старее, ќе добива се повеќе пари.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот