Наследничка на „царство за чевли“: Запознајте ја Ана Каспрзак, една од најмладите милијардерки во светот

Ана Каспрзак има само 29 години, милиони на сметката и милијарди што ја чекаат како наследство. Таа е наследничка на царството за обувки „ECCO“, а дури и без семејното богатство спаѓа во најимотните, со сопствена „нето вредност“, според Форбс, од 1,1 милијарди долари. Компанијата „ECCO“ денес работи во 99 земји и вработува повеќе од 20.000 луѓе.

Нејзиниот дедо Карл Тусбај во 1963 година го основал популарниот бренд за чевли, а како млад бил и менаџер во фабриката за обувки во Копенхаген. Пред започнувањето на сопствениот бизнис, Карл и неговата сопруга Бирт објавиле оглас во локалните весници со прашањето: Кој нè сака?, за да привлечат бизнис-партнери и вложувачи, во што и успеале.

Ана е партнер во семејната компанија заедно со нејзината мајка Хана Тусбај Каспрзак и братот Андрео, но водењето на бизнисот не ѝ е целодневна преокупација.

Професионална јавачка

Богатата наследничка е професионална јавачка и олимписки спортист, која се натпреварува во дисциплината на дресурно јавање, каде што целта на јавачите е да истренираат коњот да реагира на суптилни заповеди.

Таа е дел од данскиот национален тим со кој патува на интернационални натпревари, а спроведува и сопствена дресура на коњи. Ана има ќерка родена пролетта 2018 година, но својот приватен живот сака да го држи подалеку од медиумите, со кои единствено сака да зборува за коњи и за чевли.

Trgovina cipela ECCO | Author: Wikimedia Commons

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот