Наскоро започнува реконструкција на фасадите на ЕСМ и Пелагонија

Две фасади во центарот на Скопје се уште чекаат реконструкција. Зградата на Пелагонија и ЕСМ се единствените кои не беа опфатени во проектот Скопје 2014, и при тоа не добија барокен изглед. Скелињата околу висококатницата на ЕСМ кај Градскиот трговски центар кои со години стоеа околу неа, беа демонтирани пред неколку месеци, а отстранети се и белите платна ја нагрдуваа сликата од строгиот центар на градот.

Отстранувањето на скелињата откри дека дел од поранешната стаклено-метална фасада е веќе заменет со бетонски елементи, но и дека дел е се уште останат на зградата. Оваа зграда до неодамна ја користеше и компанијата ЕВН, но таа се исели од неа откако ја купи Градската куќа под Кале. Тоа пак беше причина за ширење на шпекулации дека градската администрација на Градот Скопје би можела да се пресели во зградата на ЕСМ.

Причина за подгревање на шпекулациите се и најавите дека Градот многу наскоро ќе ја реконстуира фасадата на ЕСМ. Градоначалникот Петре Шилегов денеска за „Слободен печат“ најави дека наскоро Градот ќе излезе со конкурсни решенија за изгледот на зградите. Тој нагласи дека ќе се внимава да се задржи автентичниот изглед на двете згради.

-Тоа се две згради, два објекта во центарот на Скопје кои се спасија од барокен изглед. Со години останаа нереконструирани нивните фасади и сметам дека сега е вистинско време да се направи реконструкција на фасадите. Многу наскоро Градот ќе излезе со конкурсни решенија за изгледот на зградите. Морам да нагласам дека најмногу ќе се внимава да се задржи автентичниот изглед на двете згради, рече Шилегов, но не прецизираше кога ќе започнат градежните работи.

Шилегов досега нема ниту потврдено ниту демантирано дека градската администрација ќе се сели во старата зграда на ЕСМ.

-Градот Скопје работи на изнаоѓање соодветен објект за градската администрација. Кога ќе биде изнајдено соодветно решение, јавноста ќе биде навреме информирана, е одговорот кој често редакцијата на „Слободен печат“ го добива од градоначалникот.

Инаку зградата е изградена во 1962 година, а во 2000 беше делумно реконструирана, кога беше додадена стаклената фасада.

.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот