Наскоро нови жители во Зоолошката градина!

Едни се раѓаат таму, други доаѓаат… Скопската Зоолошка градина постојано се збогатува со нови животни, а истите придонесуваат за повеќе посетители.

На својата Фејсбук страна, од Зоолошката градина овјавија дека наскоро за првпат доаѓаат преслатки белоносести коати.

Постојано се градат нови живеалишта, се реновираат старите, се спроведуваат разни активности за зачувување и разубавување на околината.

Деновиве беа поставени табли со кодекс на однесување, а веќе почнаа и да се спроведуваат првите казни, односно да се отстрануваат посетители кои се однесуваат надвор од дозволените правила.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот