Наскоро компанијата „Фајзер” ќе започне со тестирање на вакцината на новороденчиња

Компанија Фајзер / Фото: Архива

Компанијата Фајзер објави дека ќе го прошири тестирањето на својата вакцина против Ковид-19 на деца помлади од 12 години, пренесува „Глас на Америка“.

Фармацевтската компанија, заедно со нејзиниот германски партнер Бајонтек, ќе тестира 4500 деца волонтери на повеќе од 90 локации во САД, Финска, Полска и Шпанија.

На деца на возраст од 5 до 11 години ќе им се дадат две дози од по 10 микрограми, што е приближно една третина од дозата што се користи за тинејџери и возрасни. Некои ќе добијат плацебо инјекции.

Тестирањето на новороденчиња од 6 месеци ќе започне за неколку недели, и тие ќе добијат доза од 3 микрограми.

Резултатите од тестирањето за вакцини кај деца од пет до 11 години ќе бидат готови до септември, а наскоро потоа резултатите од студијата кај помладите деца, пишува „Гласот на Америка“.

Вакцината Pfizer-Bayontek веќе е одобрена за итна употреба за деца од 12 години и постари во САД и Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот