Насилството во Мјанмар ќе ескалира, цената што ќе ја плаќаат луѓето ќе биде огромна – особено жените, децата и старите лица

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Насилството во Мјанмар по пучот ескалираше со зајакнување на силите за „самоодбрана“ кои се борат против воената хунта. Ова е наведено во новиот извештај кој предупредува на „огромни“ човечки загуби доколку режимот ја искористи целата своја моќ во подоцнежните акции.

Во Мјанмар има немири од февруарскиот преврат со кој беше урната владата на Аунг Сан Су Ќи, а повеќе од 880 лица беа убиени во нападите на хунтата врз противниците на пучот, тврди локалната група која ја следи ситуацијата.

Во некои области, локалното население, често користејќи ловечки пушки или оружје произведено во импровизирани фабрики, формирале „одбранбени сили“ за да одговорат на пучот.

Од своја страна, како одговор, војската користела хеликоптери и артилерија, вклучително и акции против групи во северозападната држава Чин и долж источната граница со Тајланд.

„Соочени со вооружен бунт, може да се очекува Татмадав (армијата на Мјанмар) да ја активира својата воена моќ против цивилите“, се вели во извештајот на Меѓународната кризна група (МКГ), невладина истражувачка организација која сака да го спречи конфликтот.

„Цената што ќе ја плаќаат луѓето ќе биде огромна – особено жените, децата и старите лица, кои се соочуваат со најголеми потешкотии поради насилството и раселувањето“, се додава во извештајот.

Конфликтот се случи во области каде што немаше судири со децении, принудувајќи ги хуманитарните агенции да се натпреваруваат за да воспостават нови операции и линии за снабдување.

Околу 230.000 луѓе досега се раселени поради борби и несигурност, соопштија минатата недела Обединетите нации.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот