Насилство врз руски турист во Валона, причината – само сакал да одбрани куче

Шекули

Необичен настан се случил денеска во албанскиот град Валона. Двајца млади лица извршиле насилство врз руски турист.

Двајцата млади лица вршеле насилство врз едно куче во близина на една напуштена зграда кај месноста „Студена вода“ во Валона, а пак руски турист излегол од автомобил и се обидел да го спречи овој нехуман чин. Па, младите лица извршиле насилство и врз рускиот турист, кој бил идентификуван како Сергеј Дзамбула и во неговото тело јасно се гледаат знаците од насилство и крв. Срамниот чин на младите лица не запрел тука. Тие со сила се обиделе да му го ограбат и мобилниот телефон, јавува Шекули.

Рускиот турист сведочеше во полицијата дека насилството започнало откако им се спротивставил на младите лица кои вршеле насилство врз кучето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот