НАСИЛСТВАТА ПРОДОЛЖУВААТ: Полицијата во Хонгконг тепа и бремени жени (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/Редит

На мрежата Редит осамна вознемирувачко видео на кое може да се забележи како полицаец од Хонгконг користи солзавец на бремена жена.

Жената потоа е бутната на подот и покрај силната реакција на останатите демонстранти, неколку полицајци продолжија да ја држат и да ја притискаат додека со стомакот лежи притисната до земја.

Hong Kong Police attack Pregnant woman. from HongKong

Ескалацијата на насилството на улиците во Хонгконг е се почеста појава, а полицијата повеќе не бира начини како да ги смрува демонстрантите, па освен водени топови и солзавец, тие користеа и огнено оружје. Вечра е застрелан и тешко ранет 21-годишен маж во источниот дел на Хонгконг, а во август исто така се застрелани двајца тинејџери.

Протестите поради кинеското мешање во слободата на Хонгконг траат веќе шест месеци, а официјална Кина тие обвиненија ги отфрла како неосновани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот