Насилник од Волково ја тепал својата девојка и ѝ се заканувал

Фото: Profimedia

23-годишна девојка од Скопје пријавила во полицијата дека била физички нападната и добила закани од 28-годишен жител на Волково, соопшти полицијата.

„На 30.11.2021 во 23.30 часот во СВР Скопје 23-годишна жителка на Скопје пријавила дека на 25.11.2021 и на 30.11.2021 околу 16.30 часот во с.Волково, скопско, по претходна расправија, била физички нападната од Ф.Ј.(28), со кого била во љубовна врска и ѝ биле упатени закани, велат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Видео на денот