Насилник од Скопје натепал должник, му однел телевизор од станот

Насилник од Скопје, заедно со уште еден придружник, дошол во станот на негов должник во скопската населба Ѓорче Петров и го натепал, по што му однел и телевизор, соопшти МВР.

„На 29.10.2024 во 13.54 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(32) од Скопје пријавил дека во стан каде престојувал на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно нерасчистен паричен долг, бил физички нападнат од З.„Н“. кој дошол заедно уште едно лице и му оштетил и дел од инвентарот, а потоа му одзел и телевизор“, се вели во полициското соопштение.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот