Насилник од Гостивар со нож ја нападнал сестра му и нејзиното дете

тепачка
Илустрација: Тепачка / Фото: МИА

41-годишен жител на Гостивар вчера бил уапсен откако неговата сестра пријавила дека со нож ја нападнал нејзе и нејзиниот малолетен син, соопшти полицијата.

„На 27.11.2022 околу 04.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода М.Х.(41) од Гостивар, кој претходно бил пријавен од неговата 42-годишна сестра дека физички ја нападнал и повредил неа и нејзиниот малолетен син. Според пријавеното, М.Х. во нападот користел и остар предмет“, велат од МВР.

Осомничениот е задржан во Полициската станица во Гостивар и по целосно документирање на случајот, ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот