Насилник нападнал маж и жена во Кисела Вода

Фото: МИА

42-годишен скопјанец бил пријавен дека нападнал маж и жена во населбата Кисела Вода, соопшти полицијата.

„На 04.12.2022 во 20.00 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека на подрачје на Кисела Вода, В.М.(42) од Скопје физички ги нападнал С.Д.(30) и женско лице Д.Д.(32), двајцата од Скопје“, велат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Видео на денот