Насилници претепале четворица сезонски работници во Хрватска: При нападот довикувале „Кој е Србин?“

Фото: Твитер

Во Хрватска, Супетар околу 20 насилници претепале четворица сезонски работници, а меѓу нив и една девојка.

Четворицата претепани, од кои тројца сезонски работници од Славонија и еден од Брач и сезонска работничка од Вараждин се враќале од излегување, пренесува 24сата.хр. 

Според овие информации, во околу четири часот наутро тие поминале покрај пекара во центарот на Супетар кога се случил нападот.

Инцидентот наводно се случил кога тие здогледале група од околу 20 луѓе, кои почнале да им довикаат „кој од вас е Србин?“.

– Најпрво викаа кој е Србин, Кој е Србин? Ние не кажавме ниту збор, бевме шокираме затоа што не следела и потоа не нападнаа и почнаа да не удираат – вели еден од нападнатите за хрватските медиуми.

Полицијата го истражува случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот