Фото: Слободен печат

Насилници од Гевгелија тепале сограѓани, ги терале да признаат кражба

Тројца жители на Гевгелија, од кои полицијата уапсила еден, се осомничени дека насила внеле двајца сограѓани во автомобил, ги тепале и ги терале да признаат дека украле паричник, соопшти МВР.

На 13.03.2025 во 16:00 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода М.П.(28) од Гевгелија. Тој се сомничи дека истиот ден заедно со П.И.(25) и уште едно лице од градот, со употреба на сила внеле две лица од Гевгелија во возилото, кое го управувал М.П., физички ги нападнале и ги присилувале да признаат дека одзеле паричник од женско лице, по што ги ослободиле“, велат од полицијата.

Во просториите на Полициската станица Гевгелија бил повикан и П.И. со кого бил извршен службен разговор.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот