Насилни разбојници тактички ограбуваат минувачи во центарот на главниот град

Скопје Македонија
Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Како што дознаваме, некои од оштетените граѓани не побарале полициска поради, како што велат, недовербата и заспаноста на полицијата.

Двајца дрски и насилни разбојници со недели „оперираат“ во централното градско подрачје на Скопје. Жртви им се мажи и жени на различна возраст. Само во последните пет дена тие имаат ограбено над тројца наши сограѓани. Нивна последна жртва е скопјанецот Л.З. кој бил ограбен на плоштадот „Македонија“.

Од скопската полиција велат дека постапувале по една пријава на оштетен граѓанин и дека во тек била истрага за случајот.
Ограбениот Л.З. вели дека среде бел ден, пред многу народ, бил нападнат и ограбен на плоштадот „Македонија“ додека си одел дома.
– Во еден момент ми се доближи машко лице на возраст од околу педесетина години и доста нападно бараше да му дадам пари за леб. Ме тегнеше да му дадам пари. Бев решен да му помогнам на човекот. Но, тој имал друга намера. Кога ги вадев парите од задниот џеб на фармерките, во згодна прилика тој со едната рака ми ја потегна тачната. Мислејќи дека сака да ми ја грабне, со двете раце ја задржав. Токму во тој момент непознатиот од џебот набрзина без осетно ми украде пари и започна да бега. Забележав дека во посредна близина беше неговиот компањон со кој заедно избегаа. Просто не ми се веруваше дека такво нешто може да се случи при толку народ на плоштадот „Македонија“ – вели ограбениот Л.З..

И скопјанката Е.Д.П. која пред некој ден беше ограбена во центарот на Скопје, за „Слободен печат“ ја раскажа непријатната случка која ја преживеала.

– Се движев од Зелено пазарче кон Кисела Вода. Застанав на семафорот во правец кон „Даре Џамбаз“ и во моментов  кога тргнав да ја поминам улицата, непознат човек дрско ме фати за раменици, ме заврте и  ми го скина златното ланче и побегна. Почнав да викам и да трчам по нив. Двајца беа. Не ги стигнав. Пријавив во полиција, се надевам дека ќе успеат да ги фатат крадците – вели Е.Д.П.

Како што дознаваме некои од оштетените граѓани не побарале полициска поради, за, како што велат недовербата и заспаноста во работата на полицијата. Дел од оштетените граѓани за „Слободен печат“ велат дека очекуваат дека со нивниот јавен апел ќе допринесат полицијата поажурно да работи во Центар, ќе ги открие и уапси овие разбојници, а истите соодветно од надлежните служби да бидат санкционирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот