Нашите ракометарки ќе го бркаат мундијалскиот бараж во Грција

фото:

Одлучено македонската женска сениорска репрезентација во Грција да ги игра квалификациските натпревари за учество во баражот за пласман на следното Светско првенство во Шпанија (2-19 декември 2021 година).

Грците го добија правото да го организираат турнирот, од тамошната федерација не е познато кој град ќе ги организира мечевите, но се најавува дека домаќин ќе биде Солун.

Во квалификациската група „2“ се наоѓаат уште селекциите на Исланд и Литванија, а првопласираните две репрезентации ќе обезбедат место во мундијалскиот бараж.

Планирано е мечевите да се играат во периодот од 4-6 декември 2020 година, првиот дуел сениорките ќе го имаат против Исланд, потоа со Литванија, а во третата пресметка против грчките ракометарки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот