Нашиот талентиран кошаркар Димитријевиќ позитивен на коронавирус

Шпанскиот кошаркарски клуб Хувентуд уште на почетокот од оваа седмица објави дека има пет случаи на кошаркари позитивни на ковид-19, а македонскиот плејмејкер е еден од петмината кои ќе мора да заминат во самоизолација.

Денеска и официјално е потврдено дека еден од нашите најталентирани играчи Ненад Димитријевиќ е позитивен на коронавирус.

Решението за самоизолација на нашиот репрезентативец завршува на 20 ноември, што е единствената добра работа во овој случај.

Му посакуваме брзо закрепнување на Нено, со желба да го видиме во Талин, каде нашиот национален тим ќе ги игра наредните две средби од квалификациите за Европското првенство во 2022 година.

Потсетување, поради ситуацијата со коронавирусот следните два меча од квалификацискиот циклус ќе се играат во т.н. „балон“ во Талин против Италија и Естонија.

ФИБА ги одреди термините за натпреварите со Италија и Естонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот