Нашиот шампион Бесир Алили пристигна во Скопје (ФОТО + ВИДЕО)

Фото: Слободен печат/ Арбнора Мемети

Европскиот кадетски шампион во борење, Бесир Алили вечерва се врати во Скопје. Oпштина Чаир и Боречкиот клуб „Лирија“ организираа свечен пречек за шампионот Алили.

Нашиот млад и голем шампион Алили беше пречекан од голем број граѓани во Плоштадот Скендербег, а пред насобраната толпа се обратија и градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу и на град Скопје, Петре Шилегов.

Македонскиот борач Бесир Алили на Европското првенство во Фиренца (Италија) во едно неизвесно финале за златото со 7:6 го совлада Хованисјан од Ерменија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот