Наши миленици: МИСИ

Миси е 13-годишна женка мопс и почесен член на нашето семејство. Животот ни го исполнува со љубов, шири позитивна енергија, добрина на која тешко се одолева. Нема зборови со кои може да се опише таа безвремена љубовна врска, чисти емоции. Тоа мило, збрчкано лице, очите кои постојано како да молат, свитканото опавче – пленуваат. За Миси важи правилото: што и да правиш, каде и да одиш, јас те набљудувам. Бидејќи е потешка од 10 килограми, патува со автомобил. Па така, ужива во Охрид, каде што има своја лулашка, но и во Загреб каде што има кучешки парк со многу зеленило, и секако, другарчиња. Есента ѝ е омилено годишно време, кога паднатите листови ѝ шушкаат. Миси е голема маза и едноставно е невозможно да не го сакате ова мало куче со храбро срце, како лавче.

   

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот