Наши миленици: Мишо

Мише ни се роди дома, кога сосема неочекувано во двор ни се појави трудна мачка, точно еден ден откако видовме сиво маче на Инстаграм и си рековме „Е, вакво!“ Дојде како нарачан, како подароче и обожаван е како идеја, уште пред да се роди. Ужива на меки ќебиња и чисти алишта, слабост му е чешлање со гумена ракавица и мирис на средства за чистење, умешно манипулира дека е вечно гладен, ама сепак е многу умен мачор и совршена придружба за пишување и читање книги. За роденден му се прави торта, од секое патување му се носат подароци и кога спие внимаваме да му е удобно. Само тогаш дава да се „гњави“. Мјаукањето му звучи како блуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот