Наши миленици: Марко, уличар со господски манири

Марко е уличар со господски манири. Го најде брат ми на улица пред осум години, една есенска врнежлива вечер. Мил, мал, накиснат… сам. Го прибра дома, му реков: „Утре наутро доаѓам и го земаме“. Не прашав дали е женско или машко, боја, шара… И така, Марко стана член на нашето семејство. Ветеринарот процени дека има 3-4 месеци според големината на запчињата. По една година, ни дојде и помалиот син Никола. Штом се запознаа, ни беше јасно дека на Марко природна задача му е да го чува бебето Никола. Спиеше со него во бебешкото креветче, на секое будење на Никола, Марко дотрчуваше да ни „каже“ дека бебето се разбудило. Со него и прооде Никола. Кој не знае, добро е да дознае дека мачките нè поседуваат нас, не ние нив. А за сите што се двоумат како ќе се прилагоди мачето дома, не грижете се – вие ќе се прилагодите лесно на него. И запомнете, мачките нè бираат нас, не ние нив. За двоумењето за комбинацијата маче и дете – тие се совршен спој.

   

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот