Наши миленици: Маца Лукас, вистински позер!

Неговото име е Маца Лукас, има две години и моментално живее во Амстердам. Препознатлив е по своето бело крзно, елегантен чекор и длабок поглед. Сака сè што сакаат мачките, опуштен е и културен, сака да е во центарот на вниманието, но не дозволува луѓето премногу да го нарушуваат неговиот личен простор. Сака да истражува – секоја затворена врата за него е препрека која се надминува со упорност и непрекинато мјаукање. Омилени места за одмор му се неговата фотелја и било кое место во домот каде што може да биде препрека за сите кои се обидуваат да поминат. Омилена играчка пак, му е розево глувче, сплетено и подарено за добредојде во нашиот дом. Вистински позер, не оставил никого рамнодушен!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот