Нашата држава преку ЕУ добива брз пристап до лекот „Ремдесивир“

Преку Европската Унија, Република Северна Македонија добива брз пристап до лекот Ремдесивир. Европската Комисија потпиша рамковен договор со фармацевтската компанија „Gilead” за набавка на 500.000 дози од „Veklury”, бренд името на лекот „Ремдесивир”, со можност за дополнително зголемување на количините.

-Заедничкиот договор за набавка е потпишан од 36 земји, вклучувајќи ги земјите од Европската Унија, Норвешка и Исланд, Обединетото Кралство и шест земји сегашни и потенцијални ЕУ кандидати, во кои освен Република Северна Македонија, директна набавка на лекот можат да направат и Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово- велат од Министерството за здравство.

Veklury (Ремдесивир) е лек за третман на пациенти со Ковид-19 на кои им е потребна кислородна поддршка, а постапката за директна нарачка на лекот може да започне уште веднаш.

-Ова е шеста успешно имлементирана заедничка постапка за набавка. Заедничката набавка е инструмент на Европската Комисија од почетокот на годината со кој на земјите им се обезбеди и дополнителен пристап до лична заштитна , респиратори, тестови и друга неопходна медицинска опрема. Инаку, Република Северна Македонија преку Клиничката студија на Светската Здравствена Организација веќе го има лекот Ремдесивир, а со ова ќе се обезбедат дополнителни количини од истиот- потенцираат оттаму.

Инаку лекот „Ремдесивир“ е фамозниот лек кој го крена на нозе американскиот претседател, Доналд Трамп, кој минатата недела по само три ноќи минати во болница, се врати на своите активности со политичката кампања, за претстојните избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот