НАШ ПРЕДЛОГ ЗА ФИЛМ: „The professor and the madman“ е биографска драма за необично пријателство

Фото: Принтскрин

Олабавувањето на рестриктивните мерки ни даде малку простор конечно да излеземе од дома, меѓутоа, вечерните часови повторно ни се резервирани за пред телевизор.

Поради ова, за оваа недела ви предлагаме да го погледнете филмот „The professor and the madman“, биографска драма која ве држи до неизвесност до самиот крај.

Главните улоги на највисоко можно ниво во ова остварување ги толкуваат легендарните Мел Гибсон и Шон Пен, додека режијата на филмот објавен во 2019 година ја потпишува Фарад Сафинија.

Фото: Принтскрин

На престижната страница на „IMDB“ филмот може да се пофали со висока оценка од 7.3 ѕвездички, додека на престижната страница „Rotten tomatoes“ ова остварување е опишано како „сензационална вистинска животна приказна, во која актерите фасцинираат со својата глума“.

Краток опис за филмот:

Професорот Џејмс Мареј (Мел Гибсон) работи на дополнување на англискиот речник, почнувајќи од неговото прво издание уште од средината на 19 век. За да успее во неговата намера тој добива генијална идеја, барајќи помош од сите луѓе кои зборуваат англиски.

Мареј испраќа повик до широката маса барајќи од нив да добива одредени зборови или поими со образложение како тие го толкуваат нивното значење, а сето тоа да биде дел од неговиот нов речник, за кој тој се заложи дека ќе биде готов за пет години.

Фото: IMDB

Од друга страна, Доктор Вилијам Минор (Шон Пен) е поранешен офицер во војска, кој подоцна поради убиство завршува во затвор. Меѓутоа, кога тој ќе слушне за овој повик од Мареј, носи одлука да му помогне, со тоа што ќе му испрати повеќе од 10.000 пораки од затворот.

Мареј, воодушевен од работата на доктор Минор, решава да го посети во затворот, по што на сцена стапува едно несекојдневно пријателство.

„The professor and the madman“ навистина носи вистинска приказна за професор и „лудак“, кој доживува многу пресврти во својот живот.

Фото: IMDB

Неверојатната глума е само една од многуте причини зошто нема да згрешите доколку го погледнете овој филм.

Погледнете го трејлерот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот