Насев: За археологија и туризам во Карбинци ќе има време, сега е најбитно здравјето

Согласно насоките формиран е општински кризен штаб. Целиот начин на живеење е сменет. Претежно сме земјоделско подрачје, но и покрај полицискиот час кој максимално се почитува, луѓето непречено се занимаваат со земјоделието изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ градоначалникот на Карбинци, Јордан Насев.

Дезинфекција се врши редовно, а за заштита на здравјето на луѓето се запрени сите акрхеолошки активности.

Како општина имавме бројка од дваесетина луѓе кои што беа во карантин. Претежно тоа беа возачи, но до сега немаме заболено ниту еден. Мислам дека тоа се должи на препораките, а и на луѓето кои максимално ги почитуваат. Уште на почетокот на април месец поделивме околу 2.000 заштитни маски, ракавици.

На дневна основа вршиме дезинфекција на целото подрачје. Во моментов се запрени сите археолошки активности на терен, сега е најбитно здравјето, а за археологијата и туризмот ќе има време, вели Насев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот