НАСА ветува дека ќе ја спушти првата жена на Месечината до 2024 година

Фото: Pixabay

НАСА даде официјално ажурирање на нивниот план „Artemis“ оваа недела, известувајќи ја јавноста за она што претстои.

Следен чекор на НАСА би било повторно да спушти човек на Месечината. Таму се наведува дека ќе ја спуштат првата жена на Месечината во 2024 година. 

Ова ќе биде прв пат да се испраќаат луѓе на Месечината од последната лунарна мисија „Apollo“ во 1972 година.

Се враќаме на Месечината за научно откритие, економски придобивки и инспирација за новата генерација истражувачи“, изјавил администраторот на НАСА, Џим Бриденстин во официјалното соопштение за јавноста.

Како што градиме одржливо присуство, градиме и интензитет кон тие први чекори на човекот на Црвената планета“, додал тој.

НАСА ќе ја лансира нивната нова моќна ракета „Space Launch System“ и вселенското летало „Orion“ од Центарот за Вселена „Kennedy“ во 2021 година за два тест летови околу Месечината.

Покрај испраќањето на првата жена на Месечината планот „Artemis“ ќе работи и на пребарување на други ресурси, како што е водата. Поради новите технологии за слетување, астронаутите исто така ќе можат да патуваат подалеку со цел да истражат нови региони на Месечината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот