НАСА тврди дека открила „Супер Земја”

НАСА / фото Архива

Планета, оддалечена околу 31 светлосна година од нас, снимена од сателитот на НАСА „Тес”, според научници кои ги проучувале снимките, може да има идеални услови за живот.

НАСА ја именувала „ГЈ 357д”, но истражувачите ја нарекоа „Супер Земја” под претпоставка дека на неа има слични услови како на Земјата, само што таа е многу поголема од нашата планета.

„Семтаме дека ова е прва блиска„ Супер Земја ” на која луѓето би можеле да живеат”, рече д-р Лиза Калтенгер, која го водеше ова истражување. „Поради густата атмосфера на планетата, може да се задржи вода на тамошната површина, како на Земјата, и се надеваме дека во следните снимања ќе можеме да регистрираме и знаци на живот”, додаде Калтгер.

Дијана Косаковски од Институтот Макс Планк за астрономија во Хајделберг, која е коавтор на специјална студија за астрономија и астрофизика, смета дека новооткриената планета е во надворешната орбита околу својата sвезда и дека прима приближно иста количина енергија колку што стигнува до Марс од Сонцето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот