НАСА СНИМИЛА КАТАКЛИЗМА ВО ВСЕЛЕНАТА: Вака изгледа кога црна дупка ќе проголта ѕвезда (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Првпат со помош на телескоп на НАСА за лов на планети е забележано како огромна црна дупка уништува ѕвезда.

Сателитот на американската вселенска агенција ТЕСС открил исчезнување на ѕвезда оддалечена 375 милиони светлосни години, која била повлечена од моќната гравитација на супермасивна црна дупка.

Ѕвезда со големина колку нашето Сонце на крајот била проголтана во редок вселенски случај.

Астрономите користеле меѓународна мрежа на телескопи за да го откријат феноменот, пред да се свртат кон ТЕСС кој е дизајниран да лови оддалечени планети, а го фатил почетокот на драматичното случување покажувајќи ја својата ефикасност во набљудување на вселената.

„Тука се работело за комбинација на способност и среќа и понекогаш тоа ви треба за да ја бутнете науката напред“, рекол астрономот Томас Холоиен од Институтот за наука Карнеги.

Таков феномен се случува кога ѕвездата премногу се приближува до супермасивна црна дупка, објекти кои постојат во центарот на многу големи галаксии, вклучувајќи го и нашиот Млечен пат.

Многу силна гравитациска сила ја растргнува ѕвездата и некои од материјалите се исфрлени во вселената, а остатокот влегуваат во црната дупка, формирајќи притоа диск од жежок и сјаен гас.

„Можеме да ја мериме брзината со која станува посјајна, а да го воочиме и падот на температурата и сјајот кои се единствени“, рекол Холоиен.

Воочување на осцилациите на светлината, додека црната дупка ја голта ѕвездата и исфрла ѕвезден материјал во спирали, би можело да помогне на астрономите да го разберат однесувањето на црните дупки, научна мистерија уште од времето на физичарот Алберт Ајнштајн, кој го истражувал влијанието на гравитацијата на светлина во движење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот