НАСА СНИМИЛА КАТАКЛИЗМА ВО ВСЕЛЕНАТА: Вака изгледа кога црна дупка ќе проголта ѕвезда (ВИДЕО)

Првпат со помош на телескоп на НАСА за лов на планети е забележано како огромна црна дупка уништува ѕвезда.

Сателитот на американската вселенска агенција ТЕСС открил исчезнување на ѕвезда оддалечена 375 милиони светлосни години, која била повлечена од моќната гравитација на супермасивна црна дупка.

Ѕвезда со големина колку нашето Сонце на крајот била проголтана во редок вселенски случај.

Астрономите користеле меѓународна мрежа на телескопи за да го откријат феноменот, пред да се свртат кон ТЕСС кој е дизајниран да лови оддалечени планети, а го фатил почетокот на драматичното случување покажувајќи ја својата ефикасност во набљудување на вселената.

Прочитајте и...  Во ваков поглед уживаат нејзините соседи: Нивес Целзиус ја мете терасата во бикини (ФОТО)

„Тука се работело за комбинација на способност и среќа и понекогаш тоа ви треба за да ја бутнете науката напред“, рекол астрономот Томас Холоиен од Институтот за наука Карнеги.

Таков феномен се случува кога ѕвездата премногу се приближува до супермасивна црна дупка, објекти кои постојат во центарот на многу големи галаксии, вклучувајќи го и нашиот Млечен пат.

Многу силна гравитациска сила ја растргнува ѕвездата и некои од материјалите се исфрлени во вселената, а остатокот влегуваат во црната дупка, формирајќи притоа диск од жежок и сјаен гас.

„Можеме да ја мериме брзината со која станува посјајна, а да го воочиме и падот на температурата и сјајот кои се единствени“, рекол Холоиен.

Прочитајте и...  Ова се најважните намирници за развој на детскиот мозок, за концентрација, побрзо учење и подобро помнење

Воочување на осцилациите на светлината, додека црната дупка ја голта ѕвездата и исфрла ѕвезден материјал во спирали, би можело да помогне на астрономите да го разберат однесувањето на црните дупки, научна мистерија уште од времето на физичарот Алберт Ајнштајн, кој го истражувал влијанието на гравитацијата на светлина во движење.

Прочитај повеќе

Виц на денот – Тепање

Слободен печат

Во ваков поглед уживаат нејзините соседи: Нивес Целзиус ја мете терасата во бикини (ФОТО)

Слободен печат

Повозрасните жени секогаш „бркаат“ млади мажи: Дознајте зошто е тоа така!

Васко Спасоски

СОСЕДИ ОД ПЕКОЛОТ: Комшиите тврдат дека животот им се претворил во вистински хаос откако Меган и Хари се доселиле до нив

Слободен печат

Во бременоста дојде до дури 110 килограми: Џесика Симпсон успеа да ја врати линијата, а нејзиниот тренер открива како! (ФОТО)

Слободен печат

5 хороскопски знаци кои се подготвени да простат неверство

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Најбизарните ријалити шоуа: Живеат голи, жените се пораѓаат во дивина, а 15 мажи се натпреваруваат кој ќе ѝ направи дете на една жена

Слободен печат

Малку поинакво дуо: Додека газдата свири гитара, хаската е пратечки вокал (ВИДЕО)

Слободен печат

Животната приказна на „проколнатиот“ поет кој и 130 години по смртта добива писма од обожавателите

Слободен печат

Здрава диета: Магнезиум за слабеење и да ги зајакнете коските!

Васко Спасоски

Новиот бран македонски рапери „гази“, ова е Јасмин од Доуп Куќата, запомнете го добро неговото име ако до сега не сте го чуле!

Ј.К.Д

Што се случува штом се откажете од цигарите, придобивките се неверојатни од ден на ден и на долгорочен период

Слободен печат