НАСА ПРЕДУПРЕДУВА: Голем астероид се доближува кон Земјата!

Илустрација на астероид / Фото: Профимедиа

Во моментов астрономите имаат откриено повеќе од 8.000 астероиди, со дијаметар над 140 метри во радиус од седум милиони километри од Земјата.

За четири дена, на 6 јуни, астероид класифициран како „потенцијално опасен” ќе и се доближи на Земјата, соопшти НАСА.

Како што е наведено во соопштението на Агенцијата, астероидот со дијаметар меѓу 250 и 570 метри, ќе мине крај Земјата на растојание од 5,1 милиони километри со брзина од 11,1 километар во секунда, пренесува Тасс.

Во моментов астрономите имаат откриено повеќе од 8.000 астероиди, со дијаметар над 140 метри во радиус од седум милиони километри од Земјата.

Според експертите на НАСА, вкупниот број на големи астероиди во вселената близу Земјата би можел да достигне 25.000, пресметал Space.com.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот