НАСА предупредува: Чадот од Австралија ќе направи полн круг околу земјата

Фото: Твитер

НАСА соопшти дека околу Нова Година тој чад стигнал до Јужна Америка, како и дека до 9 јануари веќе ја минал пола планета.

Чадот од огромните пожари кои предизвикуваат вистински хаос во Австралија наскоро ќе направи полн круг околу земјата и ќе се врати оттаму од каде што почнал, соопштуваат од НАСА.

Масовните пожари го опустошија источниот брег во Австралија, а доведоа и до ширење на чадот и ширум Пацификот.

НАСА соопшти дека околу Нова Година тој чад стигнал до Јужна Америка, како и дека до 9 јануари веќе ја минал пола планета.

– Се очекува чадот да направи најмалку еден полн круг околу земјата – информираат од оваа агенција.

Стотици шумски пожари избувнаа во Австралија, што одоведе до смрт на 28 лица и уништување на 2.000 домови, а се проценува дека загинале и повеќе од милијарда животни.

Експертите тврдат дека интензитетот на пожарите бил непредвидлив и дека причина за тоа се климатските промени.

Како чадот поминал низ целиот свет?

НАСА пренесе дека неодамнешните пожари биле толку големи што довеле до голем број на несекојдневни бури предизвикани од силниот ветер.

Фото: Твитер

Токму тие бури го однеле чадот во стратосферата, на рекордна височина од 17,7 километри.

– Еднаш кога веќе е во стратосферата, чадот може да патува илјадници километри подалеку, на тој начин менувајќи ги атмосферските услови на глобално ниво.

НАСА забележува и дека чадот ја променил бојата на небото во Јужна Америка и драматично влијаел на Нов Зеланд, каде имаше проблеми со загаденоста на воздухот, а тоа довело и до потемнување на снегот на планините.

Големите австралиски градови како Сиднеј, Мелбурн, Канбера и Аделаид исто така имаа исклучително лош квалитет на воздухот поради чадот.

Во Австралија и натаму се активни околу 100 пожари на исток во земјата, но и покрај тоа метеоролозите прогнозираат дожд, па сите се надеваат дека тоа ќе им помогне на пожарникарите во борбата со огнената стихија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот