НАСА најави две нови мисии, ќе ја посетува Венера

венера
Планетата Венера/ФОТО: Принтскрин / НАСА

Националната вселенска агенција – НАСА најави две нови мисии до Венера, „DaVinci+“ и „Veritas“ чија цел е проучивање на сестринската планета која не сме ја посетиле 30 години.

„DaVinci+“ ќе ја проучува нејзината атмосфера, а „Veritas“ ќе ја мапира нејзината површина, соопшти НАСА.

За овие две мисии ќе бидат издвоени 500 милиони долари и тие ќе бидат извршени во периодот од 2028 до 2030 година.

Целта на мисиите е да откријат зошто Венера денес изгледа како пеколна планета, иако некогаш споделувала многу карактеристиките со Земјата и можеби била првата населлива планета во Сончевиот систем, со океани и клима слични на Земјата“, соопшти НАСА.

Мисијата „DaVinci+“, која ќе се состои од летало и сонда, ќе го мери составот на густата и топла атмосфера на Венера, со цел да им помогне на научниците да утврдат како еволуирала, а задачата на „Veritas“ е да ја мапира нејзината површина за да се обиде да ја разбере нејзината геолошка историја, вели НАСА.

Најблиската сестринска планета на Земјата, Венера, втората планета во сончевиот систем има слична структурата на Земјата, но е малку помала и многу потопла. Над негостољубивата површина се протега густа и токсична атмосфера примарно составена од јаглерод диоксид и облаци од сулфурна киселина.

Последица на тоа е ефект на стаклена градина што ја пржи површината на Венера на 880 степени, доволно за да се раствори оловото. „Воздухот“ на Венера е толку густ што повеќе делува како течност отколку како гас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NASA (@nasa)

Научниците веруваат дека некогаш имало вода на Венера и дека била погодна за живот пред непознати сили да предизвикаат толку екстремен ефект на стаклена градина што придонело во испарување на нејзините океани.

Венера е каменот од Розета за климатски промени“, соопшти НАСА.

Последната американска мисија на Венера, леталото Магелан, стигна до планетата во 1990 година. По четири години орбитирање и снимање, Магелан слета на површината за да собере податоци од атмосферата и потоа да се стопи.

Слична судбина ја чека и сондата на „DaVinci+“, која исто ќе слета на површина. На патот, таа треба да собере и испрати примероци за хемискиот состав на атмосферата и притисокот на Венера и да фотографира со висока резолуција. Дури и ако го преживее слетувањето, се очекува да се „зготви“ за дваесетина минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот