НАСА: Астероид на 2 ноември ќе мине крај Земјата

Астероид
Астероид, илустрација / Фото: Архива на Слободен печат

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека на 2 ноември астероид ќе мине крај планетата Земја.

Како што се наведува, дијаметарот на астероидот, означен како „2018VP1″, е малку помал од два метра и се проценува дека неговото влијание врз нашата планета најверојатно ќе биде мало.

Си-Ен-Ен посочува дека интересен факт е што астероидот ќе мине крај Земјата само еден ден пред претседателските избори воСАД, кои се потресени од ефектите од пандемијата на коронавирусот, граѓански немири и длабоки политички поделби.

Експертите од НАСА, меѓутоа, пресметале дека проценетата веројатност астероидот да ја погоди Земјата е 0,41 процент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот