НАРОДОТ Е ОГОРЧЕН: На истокот на Русија, трета недела по ред се одржуваат масовни протести против власта

EPA-EFE/ALEKSANDR KOLBIN

Илјадници незадоволни граѓани протестираат веќе трета недела по ред во Хабаровск, главниот град на истоимената област на далечниот исток на Русија, поради апсењето на гувернерот Сергеј Фургал кој е обвинет за соучесништво во убиства пред да влезе во политичките води.

Според ТАС, огорчените граѓани сметаат дека обвиненијата против Фургал се неосновани и бараат судскиот процес да се води во неговиот роден град, кој е повеќе од 6.000 километри оддалечен од Москва.

Најголемиот број демонстранти се собираат за време на викендот, во просек до 10.000, иако властите тврдат дека на улиците имало најмногу околу 3,5 илјади луѓе.

Фургал на локалните избори во 2018 година го победи кандидатот на партијата на Путин, Единствена Русија и ја освои локалната власт. Во текот на својот мандат градеше имиџ на човек од народот, народен гувернер, така што си ја намали платата, нареди продажба на една луксузна јахта која ја купила претходната администрација и понуди нови погодности и помош за сограѓаните.

Претседателот Владимир Путин на местото на Фургал го постави Михаил Дегтиаријов од партијата на Фругал, Либерално демократска партија, со цел да го намали незадоволството кај граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот