Народно творештво: Осовременета „Автобиографија“ од Марко Цепенков

Издавачот „Либи“, дел од „Арс ламина – публикации“, ја објави книгата „Автобиографија“ на најпознатиот македонски собирач на народни умотворби, Марко Цепенков. Книгата е адаптирана на осовременет јазик наместо прилепскиот дијалект на којшто оригинално е напишана, на адаптацијата работела Анета Пауноска, а беше промовирана по повод 100-годишнината од смртта на Цепенков.

Својата „Автобиографија“ Цепенков ја пишува во 1896 година за да одговори на прашањето како станал собирач на народни умотворби. Осовременетото издание има цел да го приближи текстот до најмладата публика и да им даде шанса на децата да се запознаат со делата на Цепенков уште во училишните клупи.

Марко Цепенков (1829-1920) речиси целиот свој живот го посветил на собирање народни приказни, песни и други фолклорни форми и неговата важност за македонската книжевност е непроценлива. Неговото творештво со објавени и необјавени дела го сочинуваат повеќе од 5500 поговорки, 800 приказни, 150 песни, 100 гатанки, верувања и клетви, баења, соништа и нивни толкувања, детски игри, речници, описи на занаети итн.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 64, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 16-17 јануари 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот