Народниот правобранител будно и сериозно ги следи мерките на Владата по однос на КОВИД-19

Канцеларијата на Народниот правобранител будно и сериозно ја следи секоја мерка усвоена од Владата на Република Северна Македонија по однос на превенцијата на ширењето на вирусот КОВИД-19, вели омбудсманот Иџет Мемети во интервјуто за МИА, кое ќе биде објавено утре.

Додава дека ограничувањата се со ограничено времетраење и сразмерно на опасноста од ширење на вирусот цени дека нема место за нивна реакција.

– Имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата, но и потребата од континуирано следење на состојбите со човековите права, донесов План за работа во услови на вонредна состојба, истиот е исто така објавен на нашата веб страница, при што секој граѓанин, како и досега непречено може да се обрати за каква било помош и совет, по електронски пат или преку телефон, вели Мемети.

Воедно, омбудсманот Мемети, во интервјуто за МИА одговара и на прашањата за Извештајот за степенот на почитување на човековите слободи и права за изминатата 2019, односот за бројот на претставки, за состојбата во судството и казненните установи, како и за постапувањата на институциите за препораките упатени од оваа институција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот