Народни лекови за парадентозата: Спасете ги своите заби на време!

Со парадентоза се соочува околу 70% од популацијата. Парадентозата доведува до губењето на забите, но укажува и на други големи проблеми во телото…

Лекарите открија дека лицата кои страдаат од парадентоза живеат пократко за дури 5 години. Меѓутоа, првиот знак за парадентоза, а тоа е крварењето на забите, може да се спречи и ублажи со овие народни лекови.

unsplash

Испирање на устата со чај од жалфија или раствор од сол (1 лажица сол во една чаша вода) или со раствор од сода бикарбона (1 лажица сода бикарбона во една чаша вода). Исплакнете ја устата со овие течности по секој оброк.

Според искуството на некои луѓе, цвеклото помага при парадентоза. Како што велат, треба да излупите цвекло, да го изрендате и да го ставите на непцата од надворешната страна. Оставете го цвеклото во устата еден час или два часа. Подоцна целиот сок и цвекло исплукајте ги од устата.

unsplash

Третата опција е гел од алое вера да се мачка редовно на непцата, повеќе пати на ден.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот