Народни лекови со кромид што ќе ви решат многу здравствени проблеми

Profimedia

Кромидот традиционално се користи на овие простори како свежа храна, но и како дел од подготовката на речиси сите традиционални македонски јадења. Иако луѓето на овие простори ги знаат лековитите својства на кромидот, сепак малкумина знаат дека дури и науката потврдила дека кромидот е лек за дури 35 посериозни или помалку сериозни болести. Кромидот освен што лекува, тој е и храна што се препорачува и како превентива за спречување појава на одредени заболувања.

Многу истражувања што биле направени околу ефикасноста на кромидот во лекувањето и превенцијата на одредени заболувања покажале дека значително ја намалува можноста од појавата на рак на белите дробови. Тоа се должи на кварцетинот, состојка содржана во кромидот. Резултатите од истражувањата покажале и дека со редовно јадење кромид, асматичните напади може значително да се намалат.

1. Убод од инсект

Сокот од црвениот кромид може многу да ви помогне да го намалите црвенилото и чешањето, кое се јавува по убод од пчела и од оса. За да го постигнете тоа, потребно е местото на убодот да го намачкате со исцеден сок од кромид.

2. Ги зајакнува срцето и крвните садови

Против коронарни болести, тромбоза, затнување на крвните садови и згрутчување на крвта, се препорачува секој ден да јадете по една свежа главица кромид за која сте сигурни дека е органски произведена.

3. Намалување на болката во ушите

Лекарите постојано апелираат луѓето ништо да не ставаат во ушите. Но оние што имаат проблем со ушите и постојано чувствуваат болка во тој дел на телото, својот здравствен проблем можат да го решат со употреба на загреан кромид. Имено, главицата кромид пресечете ја на половина и на тавче убаво загрејте ја. Загреаната половина од кромидот, завиткајте ја во чиста крпа и користете ја како облога на увото. Оваа постапка за загревање на увото е толку безбедна што неа можете да ја практикувате дури и кај мали деца.

Profimedia

4. Ги намалува симптомите на алергија предизвикана од полен

За да го решите овој здравствен проблем, нема да ви биде потребен внатрешниот дел од кромидот што се јаде, туку лушпата. Таа е богата со кварцетин, антиоксидант што може да помогне да се намали воспалението и го спречува ослободувањето на хистаминот низ имунолошкиот систем, со тоа помагајќи да се намалат симптомите на алергијата. За решавање на оваа здравствена состојба, најдобро е да користите лушпи од црвен кромид. Независно дали лушпата е свежа или претходно сте ја исушиле, обидете се ситно да ја исечкате. Потоа, прелијте ја со врела вода и оставете го чајот да отстои околу 10 минути. Потоа процедете. Вака подготвувајте си чај два до три пати дневно.

5. Домашен чај против кашлање

Излупете и ситно исечкајте 6 главици кромид со средна големина. Измешајте го кромидот со 4 лажици мед и ставете ги состојките во тенџере. Тенџерето со медот и кромидот ставете го врз друго тенџере, во кое веќе има вода што врие. Оставете ги состојките да се варат на пареа додека не добиете смеса што наликува на сируп. На крај, процедете ја добиената смеса. Од овој природен сируп, консумирајте по една супена лажица на секои два до три часа додека ви трае проблемот со кашлањето.

6. Лушпа од кромид за поголема виталност

Ако чувствувате дека немате доволно енергија, обидете се 40 дена за појадок да јадете по една главица кромид заедно со малку леб. По овој период, вашата енергија комплетно ќе ви се врати, а ќе почувствувате и други придобивки по здравјето, какви што се, на пример, намалување на болките во зглобовите и во мускулите, регулирање на столицата, подобро варење на храната…
Сепак, за жал, малкумина можат да го практикуваат ваквото регенерирање на телото секојдневно јадејќи кромид, бидејќи тој предизвикува интензивен мирис во усната шуплина.

6. Отежнато мокрење

Задржувањето течности во организмот можете да го намалите доколку во подлабоко тенџере на оган ставите еден литар вода и еден исечкан кромид. Оставете ги водата и кромидот да вријат околу 10-15 минути. Откако ќе помине потребното време, тргнете го тенџерето од оган, а потоа само процедете го напитокот. Обидете се да го испиете во текот на денот. Веќе следниот ден, подгответе си ист таков напиток.

Вака подготвениот природен лек треба да го пиете додека не се реши проблемот со исфрлањето на течностите од телото и сѐ додека имате тешкотии во мокрењето.

8. Дишни патишта

Во еден литар вода ставете половина килограм ситно исечкан кромид и половина килограм шеќер. Сите состојки ставете ги во подлабоко тенџере и оставете ги да се варат околу три часа. Откако ќе помине потребното време, тргнете го тенџерето од оган и почекајте течноста да стане млака. Кога ќе биде постигната посакуваната температура, во тенџерето додајте и три лажици мед. Убаво измешајте ги состојките. Добиениот сируп убаво процедете го и складирајте го во стаклен сад .
Овој напиток секојдневно консумирајте го така што во една чаша млака вода ставете три големи лажици од напитокот со кромид. Со негова редовна употреба, долгорочно ќе ги решите проблемите со крајниците, белите дробови, кашлањето, тешкото дишење…

9. Помош при доење

За да имаат повеќе млеко, препорачливо е доилките да јадат поголеми количини кромид, свеж (како додаток на свежи салати) или термички обработен (пржен, печен, варен). Со редовно јадење кромид, ќе се зголеми количината на млеко, а ќе се подобри и неговиот квалитет.

10. Против изгореници

Ако сте се изгореле, излупете една главица кромид и ставете ја во сад. Во него додајте и сок од еден лимон. Сѐ убаво иситнете со рачен блендер. Добиената смеса складирајте ја во стаклен сад и чувајте ја во фрижидер. На болното место нанесувајте неколкупати во денот. Резултатите ќе бидат видливи набрзо.

11. Облоги за стапалата

Доколку имате болки во стапалата и отежнато се движите, неколкупати неделно лекувајте се со кромид. Треба при рака да имате неколку главици кромид и пар стари чорапи. Кромидот измијте го и исчистете го од лушпата. Потоа исечкајте го на тенки ленти и наредете го во внатрешноста на чорапите. Облечете ги чорапите и оставете ги на нозете околу еден час. Имајте на ум дека колку поголема количина на кромид ќе ставите на стапалата, толку побрзо болката и нелагодноста ќе исчезнат.

12. Избелување дамки на кожата

За да ги избелите дамките на лицето, земете еден килограм црвен кромид и убаво изблендирајте го со рачен блендер. Добиената количина измешајте ја со иста количина јаболков оцет (најдобро е сами да го подготвите за да нема адитиви). Овие состојки убаво измешајте ги и складирајте ги во стаклена тегла што ќе ја чувате во фрижидер. Од домашно подготвениот лосион за избледување на дамките, мачкајте се неколкупати дневно. Потоа оставете да делува околу половина час. На крајот обилно исплакнете со млака вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот