Народна банка: Запознајте ја нашата институција

Народната банка објави нова информативно-едукативна брошура, којашто содржи низа информации за работењето на оваа институција и за нејзините основни цели и задачи, како и објаснување по што таа се разликува од другите институции – „Запознајте ја Народната банка на Република Северна Македонија“.

Во брошурата се опфатени значителен дел од активностите на Народната банка, при што преку илустриран приказ, едноставен јазик и мноштво интересни факти се обезбедува поголема информираност на јавноста за различни аспекти од нејзиното работење.

Следствено, брошурата нуди краток и едноставен приказ на работењето на Народната банка, ставајќи акцент на сите постојни можности за отвореност на институцијата и информирање на населението.

Публикацијата е наменета за пошироката јавност и во електронски формат е достапна на следниов линк.

Објавувањето на брошурата „Запознајте ја Народната банка на Република Северна Македонија“ е дел од нивните најнови активности во сферата на финансиската едукација и од активностите за унапредување на транспарентноста во нивното работење, потенцираат од банката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот