Народна банка: Нема потреба од реакција за инфлацијата

Народна банка зграда
Народна банка на Република Северна Македонија / Фото: МИА

Основната каматна стапка останува 1,25 проценти, а износот на благајнички записи што ќе се понуди ќе остане 10 милијарди денари, одлучи Народната банка на редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика. Основната каматна стапка и понудата на благајнички записи се двата основни инструменти на монетарната политика за одржување на ценовната стабилност.

„На седницата беше оценето дека во отсуство на притисоци од страната на побарувачката, умерените нагорни придвижувања на инфлацијата засега произлегуваат од фактори на страната на понудата. Оттука, засега не се оценува потреба од монетарна реакција на овие ценовни движења, но ќе продолжиме внимателно да ги следиме“, велат од Народната банка.

Народски кажано, ова значи дека инфлацијата не е предизвикана од поголема побарувачка на производи отколку што е понудата, како што вообичаено се случува, туку само од зголемени цени на страна на понудата.

Народната банка вели дека инфлацијатаќе биде умерено повисока од предвидените 2,2 проценти.

„Притоа, нагласена е неизвесноста и променливоста во движењето на светските цени на примарните производи, а пред сѐ на енерегенсите, во следниот период“, велат од Народната банка.

Во однос на инфлациските движења, во периодот јануари ‒ септември, во просек годишниот раст на цените изнесува 2,8 проценти. 

Во овој период, позначителен придонес кон растот се забележува од категориите на домашните цени што се поврзани со  движењата на цените на примарните производи на светските берзи, со пренесениот ефект од минатогодишното зголемување на цените од регулаторна природа, како и од одредени фактори специфични за пандемиската криза, а во услови на олабавување на рестриктивните мерки“, велат од Народната банка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот