Народна банка донесе мерки за поттикнување на растот на камати на денарски депозити

Скопје, 18 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Народната банка, во рамките на своите ингеренции, креираше мерки за да им остави простор на банките да ги зголемат каматите на денарските депозити, но и да ги дестимулира девизните заштеди.

„Советот на Народната банка, на својата редовна седница, донесе одлука за натамошно раздвојување на стапките на задолжителна резерва од валутен аспект, заради стимулирање на штедењето во домашна валута. Народната банка ја намали задолжителната резерва за денарските обврски од 6,5 проценти на 5 проценти, а истовремено ја зголеми стапката на задолжителна резерва за обврските во странска валута од 16,5 проценти на 18 проценти. Оваа мерка, којашто е втора по ред по мартовската промена на стапките на задолжителна резерва, е наменета за натамошно поттикнување на денаризацијата на билансите на банките, што би се постигнало преку промени во каматната политика на банките, поточно преку понуда на релативно поповолни камати на денарските депозитни производи“, соопштија од Народната банка.

Покрај оваа мерка, Народната банка презеде и други мерки во насока на денаризациа на билансите.

„Народната банка го зголеми и делот од задолжителната резерва во странска валута којшто банките го исполнуваат во евра, од тековните 70 на 75 проценти. Пакетот измени кај системот на задолжителна резерва вклучува и зголемување на делот од задолжителната резерва во евра којшто банките го исполнуваат на просечна основа, од 5% на 10%, што создава услови за пофлексибилно управување со девизната ликвидност на банките на дневна основа. Примената на новите услови на издвојување задолжителна резерва ќе започне во августовскиот период на задолжителната резерва, односно од 10 август 2022 година“, соопшти НБРСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот