Народен правобранител: Бесилката на Стевананџија да биде расчистена од надлежните

Народниот правобранител ја осуди пораката на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија објавена на неговиот профил на социјалната мрежа Твитер во која е поставена бесилка оценувајќи ја како говор на омраза и побара од надлежните институции да реагираат и да го расчистат случајот.

– Народниот правобранител како членка на Мрежата против говор на омраза го осудува секој чин на ширење на говор на омраза, од причина што во едно општетство какво што е нашето тоа може да остави далекусежни последици и да поттикне дела од говор на омраза. Оттука ги повикуваме надлежните институции Министерството за внатрешни работи и Обвинителствиото веднаш да реагираат и да го расчистат секој случај на ширење на говор на омраза. Неказнивоста на ова дело делува охрабрувачки, а Република Северна Македонија токму во овој сегмент досега не покажа голем капацитет за справување со оваа негативна општествена појава, стои во изјавата на Народниот правобранител за МИА.

Прочитајте и...  Рашела Мизрахи пријавила во полиција дека ја следеле и фотографирале лица со качулки

Ваквиот чин на пратеникот Стевананџија го осудија и од Владата оценувајќи го како непримерен за народен избраник и ги повикува надлежните институции на целосно и ефикасно спроведување на правната држава, утврдување на фактите и одговорноста.

– Владата најостро осудува и нема да дозволи ширење говор на омраза кон кој било граѓанин. Во врска со прашањето за говорот на омраза ширен од пратеникот Стеванаџија, најостро ги осудуваме заканите и говорот на омраза кои ги шират функционери и народни избраници. Тие треба да бидат пример за граѓаните, а не поттикнувачи на поделби и конфликт, стои во реакцијата од Канцеларијата на портпаролот на Владата.

Воедно, се посочува дека последните две недели секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР веќе постапувал по 11 случаи и за три веќе е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство, а за останатите тоа ќе биде направено во наредните денови по нивното комплетирање.

Прочитајте и...  Турција ги отвори границите со Ирак и Иран за товарен сообраќај

Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Стевананџија завчера објави твит со слика од бесилка со текст: „Ќе биде се ОК! Зоран Заев”, што беше оценето како говор на омраза, по што твитот беше повлечен.

Прочитај повеќе

ЦЈЗ-Куманово од 19 заболени, 17 се од општина Липково

Слободен печат

Роман Головченко е новиот премиер на Белорусија

Слободен печат

Дојран повторно ќе се наполни за продолжениот викенд

Слободен печат

Хоти ја одржа првата седница како нов косовски премиер, иако Курти не му ја предаде должноста

Слободен печат

Пауновски: Еден од инспекторите од Куманово позитивен на Ковид-19, оставете ги инспекторите да си ја вршат работата

Слободен печат

Земјотрес од 6,5 степени ја погоди Индонезија

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

„АПЕКС Македонија“ донираше болнички кревети во износ од 20.000 евра на Инфективната клиника

Слободен печат

Тачи: Неодговорноста на Османи и ИВЗ се главни виновници за оваа ситуацијата

Слободен печат

Два смртни случаи – 120 новозаболени од Ковид-19, најмногу во Скопје

Слободен печат

Повторно граѓаните ги окупираа продавниците и супермакетите (ГАЛЕРИЈА)

Горан Наумовски

Грција не воведува забрана за влез од Македонија: Покрај вирусот расте и заразата со лажни вести

Слободен печат

Регистриран случај на Ковид-19 кај наставничка во Тетово, уписот во училиште прекинат

Слободен печат